ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 213/2008 за вработување на државни службеници во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - 13.11.2008 во 15:30


Врз основа на член 11 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006 и 36/2007 ) и Правилникот за критериумите и стандардите, како и постапката за селекција и вработување на државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.85/2005,97/2007 и 99/2007)

АГЕНЦИЈАТА ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 213/2008

за вработување на државни службеници во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има потреба од вработување на државни службеници - (1)извршител(и), за следните работни места:
1. Раководител на одделение за правни работи (1) извршител(и);

Покрај исполнувањето на општите услови за прием на државни службеници, предвидени во член 9 став 1 од Законот за државни службеници, кандидатите треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени во Правилникот засистематизација на работните места на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа:

1. За работното место: Раководител на одделение за правни работи

- Висока стручна спрема (VII/1) - Општествени науки, подрачје правни науки
- активно познавање на англиски јазик
- познавање на работа со комјутери
- чесност, лојалност кон професијата и способност за тимска работа
- 3 (три) години работно искуство во струката

Заинтересираните кандидати се должни да достават ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (образец објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 99/2007).
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремената, нецелосна и неуредно потполнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за полагање на стручниот испит на Агенцијата за државни службеници. Пополнетите пријави, кандидатите се должни да ги достават на следната адреса:

АГЕНЦИЈА ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Комисија за полагање на стручен испит
(со назнака за оглас број 213/2008 )
ул. Јуриј Гагарин бр.15 1000 Скопје

Заинтересираните кандидати се охрабруваат пријавата да ја пополнат и достават електронски, преку интернет страницата http://prijava.ads.gov.mk
Постапката за селекција и вработување ќе биде спроведена согласно член 12 од Законот за државни службеници и одредбите на Правилникот за критериумите и стандардите, како и постапката заселекција и вработување на државните службеници.

Кандидатите полагаат стручен испит, кој се спроведува најдоцна во рок од 60 денови , сметано од завршувањето на рокот за доставување на пријава за вработување на државен службеник.
Стручниот испит се состои од општ посебен и практичен дел. За положениот општ и практичен дел од стручниот испит Агенцијата издава потврда која важи две години од денот на нејзиното издавање.
Кандидатот кој се пријавил за повеќе работни места ќе го полага посебниот дел од стручниот испит за секое работно место за кое се пријавил.
Најуспешните кандидати ќе бидат повикани да ги достават доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар.
Најуспешните кандидати ќе бидат интервјуирани во органот за чии потреби се објавува огласот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu