И Н Ф О Р М А Ц И Ј А - 18.11.2008 во 13:46


ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2008




Врз основа на Уредбата за спроведување на политиката за рурален развој (Сл.Весник на РМ бр.54/2008), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја донесе Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2008 година на ден 22 април 2008 година.

За првпат оваа година надлежна институција за спроведување на оваа Програма е Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Јавниот оглас за поднесување на барањата за користење на средствата од Програмата за рурален развој беше објавен на 21 мај 2008, а рокот за поднесување на истите заврши на 20 јуни.

До Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се поднесени 676 барања. Најголем број од поднесените барања, односно 574 се однесуваат на мерката 1 која опфаќа инвестиции за подобрување на конкурентност и модернизација на земјоделски стопанства вклучително и аквакултура.

Од нив најзастапени се барањата за кофинансирање на земјоделска приклучна механизација и опрема за примарно земјоделско производство, потоа за кофинансирање на изградба на модерни и ефикасни системи за наводнување и кофинансирање на инвестиции во опремување на сточарски фарми.

За мерката 2 односно кофинансирање на инвестиции за набавка на опрема за доработка, преработка, складирање, сортирање и пакување на земјоделски производи се доставени 92 барања. Од мерката 2 најголем број на инвестиции се однесуваат на набавка на опрема за преработувачките капацитети за производство на прехранбени производи во секторите: преработка на овошје и зеленчук, винарство, производство на млеко и млечни производи и за производство на добиточна храна. За мерката 3 т.е. кофинансирање на инвестиции за обновување и модернизација на системите за наводнување и за одводнување со кои раководат Водните заедници поднесени се вкупно 9 барања.

Во процесот на обработка и селекција на прифатливите инвестиции за кофинансирање, Агенцијата подготви 453 решенија за доделување на средства од програмата по мерка 1.

Согласно донесените решенија по мерка 1, која опфаќа инвестиции за подобрување на конкурентност и модернизација на земјоделски стопанства вклучително и аквакултура, заклучно со 17.11.2008 година потпишани се 401 договори. Вкупната сума за кофинанирање со крајните корисници, по мерка 1 изнесува 107.942.824,00 денари.

Во процесот на обработка и селекција на прифатливите инвестиции за ко-финансирање, Агенцијата подготви 60 решенија за доделување на средства од програмата по мерка 2. Согласно донесените решенија, потпишани се 60 договори за ко-финанирање со крајните корисници. Вкупната сума на одобрени средства по однос на инвестиции за доработка, преработка, складирање, пакување и маркетинг на земјоделски производи изнесува 50.313.204,00 денари. Потпишувањето на договорите за кофинансирање по по мерка 2 е завршено.

По однос на одобрените средства за инвестиции од мерка 3 за рехабилитација на системите за наводнување на Водни заедници, во процесот на обработка и селекција на прифатливите инвестиции за кофинансирање, Агенцијата подготви 3 решенија од програмата по мерка 3. Заклучно со 17.11.2008 година потпишани се 2 договори во вкупен износ 2.603.779,00 денари, за кофинансирање со крајните корисници по мерка 3.

Исплата на средствата по сите три мерки ќе се извршат по реализација на планираните инвестиции, доставување на сите финансиски документи за успешно завршување на инвестициите и позитивни извештаи од контрола на терен за реализација на инвестицијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu