РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013 - 24.06.2010 во 09:49

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го објави првиот јавен повик за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 на 23.12.2009 на кој повик беа понудени средства за кофинансирање во вкупен износ од 24,3 мил. ЕУР во денарска противвредност. Понудената сума се состоеше од буџетски алокации планирани од Европската Унија за Република Македонија (за 2007 година во износ од 2,1 мил. ЕУР, 2008 година 6,7 мил. ЕУР и 2009 година во износ од 10,2 мил. ЕУР) , во вкупен износ од 19 мил. ЕУР. Остатокот од 5,3 мил. ЕУР претставува македонскиот удел во вкупната сума за кофинансирање.

Во рамките на првиот јавен повик добиени се 133 барања за користење на средства по трите објавени мерки во вкупен износ од 18,5 мил. ЕУР, или побаран износ за кофинансирање од 9,2 мил. ЕУР. По извршената административна обработка на добиените барања и извршените контроли на лице место, АФПЗРР донесе 28 решенија за доделување на средства од ИПАРД Програмата за 2007-2013 во следните износи:

• Мерка 101 – Инвестиции во земјоделски стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба со цел достигнување на стандардите на Европската Унија -15 барања со вкупна сума за кофинансирање во износ од 774.000 ЕУР

• Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи со цел нивно преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија -12 барања со вкупна сума за кофинансирање во износ од 1.312.500 ЕУР и

• Мерка 302 – Диверзификација и развој на рурални економски активности – 1 барање во износ од 26.500 ЕУР или

Вкупениот износ на средства за кои ќе бидат склучени договори изнесува 2.113.000 ЕУР.

Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го изразува своето задоволство од неочекувано големиот број на примени барања за користење на средства од ИПАРД европските фондови, што претставува јасен сигнал за заинтересираноста на македонските земјоделци и економски субјекти од руралниот сектор за искористување на понудените фондови и нивна економична примена. Нашето задоволство е уште поголемо благодарение на фактот што со еден јавен повик се успеа да се склучат договори за користење на целокупниот буџет од 2007 година во износ од 2,1 милион ЕУР .

Паралелно со обработката на пристигнатите барања, Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој врши длабинска анализа на идентификуваните проблеми и заедно со Управувачкото тело при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и превзема мерки за нивно надминување во функција на подготовка на следниот јавен повик за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 како нивно ефикасно искористување. Вториот јавен повик за доставување на барања за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013 ќе се објави во текот на септември 2010 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu