ИСПЛАТЕНИ ПРВИТЕ СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 11.01.2011 во 11:22
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА






Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши првата исплата на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.

На корисникот ДПТУ Микаста ДОО по успешното реализирање на инвестицијата систем за наводнување капка по капка и мулчер, кофинансиран му е износ од 275.032,50 денари од кои 206.274,50 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 68.758,00 денари средства од буџетот на РМ.

На првиот Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од предпристапната помош наменета за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) за кој предвидените финансиски средства изнесуваа вкупно 24.320.000 ЕУР, кумулативен буџетски износ за 2007-2009 година, беа доставени вкупно 133 барања.

Се склучија 27 договори за проекти вредни 3,8 милиони евра, односно беше побарано кофинансирање во износ од 1,9 милиони евра.
Од нив покрај веќе исплатената фирма, уште 6 инвестиции веќе се реализирани и до Агенцијата доставени се барањата за исплата. Во тек се финалните контроли на терен за овие инвестиции. Се очекува исплатата на овие средства да продолжи во текот на јануари 2011 година, со интензивирање на исплатата за останатите проекти заклучно со мај-јуни, односно по истекот на потребниот период на реализација на инвестицијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu