ПРОДОЛЖУВА ИСПЛАТАТА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 24.01.2011 во 16:09

ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА





Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешната реализација на инвестицијата уште два корисника добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

2.453.819,00 денари се исплатени на корисникот СЕНТИС АГ од кои 1.840.364,00 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 613.455,00 денари се средства од буџетот на РМ за инвестиција индустриски систем за акумулација на разладна енергија и систем за разладување на основна суровина, односно модернизација и технолошко осовременување на специјализираните капацитети за преработка на млеко.

1.221.387,00 денари се исплатени на корисникот ФРУТЕМА Дооел од кои 916.040,00 се средства од ЕУ и 305.347,00 денари се средства од буџетот на РМ за инвестиција систем капка по капка и машина за редова обработка на овошки со хидраулична странична рака.

Агенцијата и во наредниот период ќе продолжи со исплатата на средства од првиот јавен повик за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата.

Во текот на 2011 година ќе бидат објавени 3 јавни повици за доставување на барања за користење на средствата предвидени со оваа Програма.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu