ИЗВЕСТУВАЊЕ - 10.03.2011 во 12:20



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува потенцијалните корисници на средства од ИПАРД Програмата, дека во тек е третиот јавен повик за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата. Крајниот рок за поднесување на барањата е 14.04.2011 година.
Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 се ажурирани и може да се превземат веб страната на Агенцијата, во делот ИПАРД, формулари, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.
Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да добијат во

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Телефон: 02 3097-460
Факс: 02 3097-454
е-mail адреса:ipardpa.info@ipardpa.gov.mk
www.ipardpa.gov.mk

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Тело за управување со ИПАРД
Телефон: 02 3109-809
Факс: 02 3110-887
е-mail адреса: info@ipard.gov.mk
www.ipard.gov.mk

Агенција за поттикнување на развој во земјоделството
Телефон: 047 228-330
047 228-370
www.agencija.gov.mk

секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот

Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните земјоделски производители можат да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството. (Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции.)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu