ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА - 04.04.2011 во 15:11


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека од денес започнува аплицирањето за директни плаќања за мерките од растително производство по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година.
Во периодот заклучно со 31 мај земјоделците ќе можат да поднесат барања за финансиска поддршка за обработливи земјоделски површини со поледелски култури,градинарско производство, одржување постоечки лозови и овошни насади, како и подигнување на нови лозови и овошни насади.
Воедно отпочнува и поднесувањето на барања за новововедената финансиска поддршка за одгледување на ориз и сончоглед, како и за користење сертифициран семенски материјал, за производство на градинарски култури под контролирани услови.

Исто така до 31 мај земјоделците можат да поднесуваат барања за директни плаќања за грла маторици, регистрирано презимено пчелно семејство, фармерско одгледување на ноеви, полжави и подигнување нови површини под медоносна флора.

Во период од денес до 29 април трае рокот за поднесување барања за произведени и продадено кравјо,
овчо и козјо млеко во период од 1 октомври до 31 декември 2010 година.

Барањата по овие мерки се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
При поднесување на барањата земјоделците треба имаат комплетна документација, како и до денот на поднесување на барањето да ги имаат подмирено обврските за користење на државно земјоделско земјиште и Јапонската помош.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu