ИСПЛАТЕНИ УШТЕ ТРИ КОРИСНИКА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 28.04.2011 во 12:49



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.

По успешната реализација на инвестициите уште три корисника добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

212.613,00 денари се исплатени на корисникот ИЗ Анета Спасевска од Велес од кои 159.459,50 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 53.153.50,00 денари од буџетот на РМ за инвестиции во обновување на постоечки лозови насади и тоа систем за наводнување капка по капка, набавка на атомизер, мулчер, ѓубрерастурач, длабинска пумпа.

174.901,50 денари се исплатени на корисникот ИЗ Билјана Спасовска од Велес од кои 131.176,50 денари се средства од ЕУ и 43.725,00 денари се средства од буџетот на РМ за инвестиции во обновување на постоечки лозови насади-систем за наводнување капка по капка, набавка на атомизер, мулчер, длабинска пумпа.

По успешна реализација на инвестиција во модернизација и технолошко осовременување на капацитетите за преработка на млеко на корисникот ЗДТ Сточарство од Богданци исплатени се 1.811.070,00 денари од кои 1.358.302,50 денари се средства од ЕУ и 452.767,50 денари се средства од буџетот на РМ .

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu