ИСПЛАТЕНИ УШТЕ ТРИ КОРИСНИКА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 18.05.2011 во 16:05


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешната реализација на инвестициите уште три корисника добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 151.844,00 денари на корисникот Петар Чучанов од Гевгелија за обновување на постоечки овошен насад.
Од вкупно исплатените средства, 113.883,00 денари се средства од буџетот на ЕУ и 37.961,00 денари се средства од буџетот на РМ.

За изградба и обновување на објекти за воспоставување и модернизација на откупни центри за овошје и зеленчук, на Трговското друштво за производство и трговија на големо и мало Рудине ММ ДОО исплатени се вкупно 18.510.397,00 денари со износ на национално кофинансирање од 4.627.599,50 денари и ЕУ дел 13.882.797,50 денари.

На корисникот Трговско друштво за производство и промет Дивино ДОО од Богданци исплатени се 4.121.277,50 денари средства од буџетот на ЕУ и 1.373.759,50 денари од националниот буџет или вкупно 5.495.037,00 денари за набавка на опрема за подобрување на квалитетот на виното.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu