ИСПЛАТЕНИ ТРИ КОРИСНИКА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА ПО ВТОРИОТ ЈАВЕН ПОВИК (01/2010) - 18.07.2011 во 14:09


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешната реализација на инвестициите, три корисника кои потпишаа договор со Агенцијата за користење на средства од ИПАРД Програмата по Јавен повик 01/2010, добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

На корисник ИЗ Венка Маневска од Ресен исплатени се средства во износ од 174.451,00 денари од кои 130.838,00 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 43.613,00 денари од буџетот на РМ за инвестиции во обновување на постоечки овошни насади.

174.250,00 денари се исплатени на корисникот Невзат Шакировски од Ресен од кои 130.687,50 денари се средства од ЕУ и 43.562,50 денари се средства од буџетот на РМ за инвестиции во обновување на постоечки овошни насади.

По успешна реализација на инвестициите во обновување на постоечки овошни насади на корисникот Себаедин Тринго исплатени се 108.357,00 денари од кои 81.267,50 денари се средства од ЕУ и 27.089,50 денари се средства од буџетот на РМ .

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu