ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА - 08.08.2011 во 09:42



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира земјоделските производители дека до 31 август тече рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведени домати и краставици на отворено и во пластеници, продадени во период од 1 до 30 јуни 2011 година.

Висината на поддршката изнесува 2 денари за килограм.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а како доказ за продадено производство се доставуваат откупни белешки и потврда за откуп издадена од правни лица кои се регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи.

Воедно, се потсетуваат одгледувачите на говеда, овци и кози дека е во тек пријавувањето за субвенциите по грло.
Крајниот рок за пријавување исто така е 31 август 2011 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu