ИСПЛАТЕНИ ПЕТ КОРИСНИКА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА ПО ВТОРИОТ ЈАВЕН ПОВИК (01/2010) - 14.10.2011 во 15:15




Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешната реализација на инвестициите, пет корисници кои потпишаа договор со Агенцијата за користење на средства од ИПАРД Програмата по Јавен повик 01/2010, добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

На корисник ИЗ Горан Диневски од Ресен исплатени се средства во износ од 183.634,50 денари од кои 137.726,00 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 45.908,50 денари од буџетот на РМ за инвестиции во обновување на постоечки овошни насади.

182.972,00 денари се исплатени на корисникот Агро Цибале ДООЕЛ од Ресен од кои 137.229,00 денари се средства од ЕУ и 45.743,00 денари се средства од буџетот на РМ за инвестиции во обновување на постоечки овошни насади.

По успешна реализација на инвестициите во обновување на постоечки овошни насади на корисникот Милка Дојциновска исплатени се 184.500,00 денари од кои 138.375,00 денари се средства од ЕУ и 46.125,00 денари се средства од буџетот на РМ .

На корисник ИЗ Генц Седалиу од Ресен исплатени се средства во износ од 231.650,00 денари од кои 173.737,50 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 57.912,50 денари од буџетот на РМ за инвестиции во обновување на постоечки овошни насади.

Со реализација на инвестиција за модернизација и технолошко осовременување на специјализираните капацитети за преработка на млеко, на корисникот Млекара Милком ДООЕЛ од Градско исплатени се средства со вкупен износ од 2.662.679,00 ден од кои 1.997.009,00 денари од ЕУ средства и национален дел 665.670,00 ден.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu