ОГЛАС ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ - 01.11.2011 во 15:24



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството

и руралниот развој објавува


ОГЛАС


за ангажирање на волонтери објавен на 01.11.2011 година


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има потреба од ангажирање на шест волонтери.

Лицата ќе бидат задолжени за извршување на наједноставните административни работи во секторите во кои ќе бидат распоредени.

Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови:


1. Волонтер – 6 извршители

- 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на биотехничките, економските, правните науки или информатика,

- активно познавање на англиски јазик,

- познавање на работа со компјутери.



Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија (CV) во електронска форма на e-mail: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

Рокот за аплицирање изнесува 3 дена од денот на објавување на огласот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu