ИСПЛАТЕНИ СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА ПО ТРЕТИОТ ЈАВЕН ПОВИК (01/2011) - 07.11.2011 во 11:48



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата. По успешната реализација на инвестицијата, на корисникот Николина Угриновска од Ресен која потпиша договор со Агенцијата за користење на средства од ИПАРД Програмата по Јавен повик 01/2011, доби средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

На корисник му се исплатени средства во износ од 233.553,50 денари од кои 175.165,00 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 58.388,50 денари од буџетот на РМ за инвестиции во обновување на постоечки овошни насади.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu