ПРОДОЛЖУВА ИСПЛАТАТА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 21.11.2011 во 09:34



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешната реализација на инвестициите уште два корисника добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 771.030,00 денари на корисникот ИЗ ДААЛ од Петровец за обновување на постоечки овошен насад.
Од вкупно исплатените средства, 578.272,50 денари се средства од буџетот на ЕУ и 192.757,50 денари се средства од буџетот на РМ.

За обновување на постоечки овошни насади на корисникот Даница Мушиковска од Ресен исплатени се вкупно 196.507,00 денари со износ на национално кофинансирање од 49.126,50 денари и ЕУ дел 147.380,50 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu