ИСПЛАТЕНИ УШТЕ ДВА КОРИСНИКА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 02.02.2012 во 09:22



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешната реализација на инвестициите уште два корисника добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 1.033.527,50 денари на корисникот ДПТУ Младост Пром Компани ДОOЕЛ од Струмица за изградба и обновување на постоечки пластеници (со исклучок на тунелски фолии).
Од вкупно исплатените средства, 775.145,50 денари се средства од буџетот на ЕУ и 258.382,00 денари се средства од буџетот на РМ.

За инвестиции за модернизација и технолошко осовременување на специјализираните капацитети за преработка на млеко на корисникот Млекара ДОО од Штип исплатени се вкупно 4.953.036,50 денари со износ на национално кофинансирање од 1.238.259,00 денари и ЕУ дел 3.714.777,50 денари.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu