ПРОДОЛЖУВА ИСПЛАТАТА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА - 16.02.2012 во 15:05



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешната реализација на инвестициите тројца корисника добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 3.838.261,50 денари на корисникот Евромак ДООЕЛ од Струмица за изградба и обновување на објекти за воспоставување и модернизација на откупни центри за овошје и зеленчук.
Од вкупно исплатените средства, 2.878.696,50 денари се средства од буџетот на ЕУ и 959.565,00 денари се средства од буџетот на РМ.

За изградба и обновување на постоечки пластеници (со исклучок на тунелски фолии) на корисникот Аграр Промет ДООЕЛ од Босилово исплатени се вкупно 647.756,00 денари со износ на национално кофинансирање од 161.939,00 денари и ЕУ дел 485.817,00 денари.

Корисникот ИЗ Агро Вардар од Градско за обновување на постоечки лозови насади исплатени му се средства во износ од 230.077,00 денари од кои 172.557,50 ден се средства од ЕУ фондовите и 57.519,50 денари средства од буџетото на РМ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu