ИЗВЕСТУВАЊЕ - 29.02.2012 во 09:28




Поради краткиот рок за подготовка на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата и обезбедување на потребните документи, на барање на потенцијалните корисници на средства од ИПАРД Програмата, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја известува јавноста дека Јавниот повик 01/2012 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 ќе биде објавен во втората половина на месец март 2012 година.

Имено, поради брзото најавување на нов јавен повик после претходно објавениот во декември 2011 година како и поради неработните денови во месец јануари и неповолните временски прилики во месец фавруари годинава, потенцијалните корисници во функција на квалитетна подготовка на барањата и навремено обезбедување на потребната документација се обратија со барање за пролонгирање на објавување на првиот јавен повик за ИПАРД во 2012 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu