ПРВ СОСТАНОК НА ДИРЕКТОРИ НА ПЛАТЕЖНИ АГЕНЦИИ НА ЗЕМЈИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА, ЗЕМЈИ КАНДИДАТИ И ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ - 13.03.2012 во 13:13




Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 14.03.2012 ќе биде домаќин на состанок на директорите на Платежните Агенции од земјите на Југоисточна Европа.

Состанокот е поддржан од Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG). Ова е прв работен состанок на претставници на Платежните Агенции од Југоисточна Европа.

Покрај од земјата домаќин, и земјите од Југоисточна Европа, земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ, на состанокот ќе учествуваат и претставници од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој задолжен за ИПАРД во Брисел, како и работни тела, т.е. одделенија при Министерствата за земјоделство надлежни за финансиски прашања во руралните плаќања.

Целта на состанокот е да се зајакне регионалната соработка на постојните и идните платежни агенции, да се разменат податоци и искуства за процесот на акредитација и преносот на правото за управување со ИПАРД фондовите од Европската Комисија на надлежните институции во земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

На состанокот ќе бидат презентирани идните предизвици и можности за финансирање на земјоделството и руралниот развој во рамките на ИПАРД помошта за наредниот програмски период 2014-2020, како и нацрт документот на ИПА Регулативата за периодот по 2013 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu