ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 273/2008 за вработување на државни службеници во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - 22.12.2008 во 16:10


Врз основа на член 11 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006 и 36/2007 ) и Правилникот за критериумите и стандардите, како и постапката за селекција и вработување на државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.85/2005,97/2007 и 99/2007)

АГЕНЦИЈАТА ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 273/2008

за вработување на државни службеници во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има потреба од вработување на државни службеници - (8)извршител(и), за следните работни места:

1. Раководител на сектор за финансии и сметководство (1) извршител(и);
2. Советник за нерегуларности (1) извршител(и);
3. Советник за управување и развој на човечки ресурси (1) извршител(и);
4. Советник за внатрешна ревизија (1) извршител(и);
5. Виш соработник за анализа на директни плаќања (1) извршител(и);
6. Виш соработник за сметководство (1) извршител(и);
7. Помлад соработник за внатрешна ревизија (1) извршител(и);
8. Помлад соработник за подготовка и преглед на документација (1) извршител(и);

Покрај исполнувањето на општите услови за прием на државни службеници, предвидени во член 9 став 1 од Законот за државни службеници, кандидатите треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени во Правилникот засистематизација на работните места на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа:

1. За работното место: Раководител на сектор за финансии и сметководство

- Висока стручна спрема (VII/1) - Образование од полето на општествените науки - подрачје економски науки
- активно познавање на англиски јазик
- познавање на работа со комјутери
- чесност, лојалност кон професијата и способност за тимска работа
- 5 (пет) години работно искуство во областа на управување со финансии или јавни финансии

2. За работното место: Советник за нерегуларности

- Висока стручна спрема (VII/1) - Образование од областа на општествените науки - подрачје правни науки
- активно познавање на англиски јазик
- познавање на работа со комјутери
- чесност, лојалност кон професијата и способност за тимска работа
- 2 (две) години работно искуство во струката

3. За работното место: Советник за управување и развој на човечки ресурси

- Висока стручна спрема (VII/1) - Образование од областа на општествените науки подрачје економски науки, организациони науки и управување, политички науки, правни науки или јавна управа и администрација
- активно познавање на англиски јазик
- познавање на работа со комјутери
- чесност, лојалност кон професијата и способност за тимска работа
- 2 (две) години работно искуство во струката

4. За работното место: Советник за внатрешна ревизија

- Висока стручна спрема (VII/1) - Образование од полето на општествените науки, подрачје економски науки или правни науки
- активно познавање на англиски јазик
- познавање на работа со комјутери
- чесност, лојалност кон професијата и способност за тимска работа
- 2 (две) години работно искуство во внатрешна ревизија, наворешна ревизија или финансиите

5. За работното место: Виш соработник за анализа на директни плаќања

- Висока стручна спрема (VII/1) - Образование од полето на биотехничките науки, подрачје растително производство, пчеларство, овоштарство, лозарство, добиточно производство, рибарство, шумарство и хортикултура, биотехнологија, прехранбена технологија или преработка на анимални производи, општествени науки,подрачје економски науки, образование од полето на техничко-технолошки науки, подрачје технологија на прехранбени производи и компјутерска техника или информатика или ПМФ - информатика
- активно познавање на англиски јазик
- познавање на работа со комјутери
- чесност, лојалност кон професијата и способност за тимска работа
- 1 (една) година работно искуство во струката

6. За работното место: Виш соработник за сметководство

- Висока стручна спрема (VII/1) - Образование од областа на општествените науки подрачје економски науки
- активно познавање на англиски јазик
- познавање на работа со комјутери
- чесност, лојалност кон професијата и способност за тимска работа
- 1 (една) година работно искуство во струката

7. За работното место: Помлад соработник за внатрешна ревизија

- Висока стручна спрема (VII/1) - Образование од областа на општествените науки подрачје економски или правни науки
- активно познавање на англиски јазик
- познавање на работа со комјутери
- чесност, лојалност кон професијата и способност за тимска работа
- без работно искуство

8. За работното место: Помлад соработник за подготовка и преглед на документација

- Висока стручна спрема (VII/1) - Образование од полето на биотехничките науки, подрачје растително производство, пчеларство, овоштарство, лозарство, добиточно производство, рибарство, шумарство и хортикултура, биотехнологија, прехранбена технологија или преработка на анимални производи, општествени науки,подрачје економски науки, образование од полето на техничко-технолошки науки, подрачје технологија на прехранбени производи
- активно познавање на англиски јазик
- познавање на работа со комјутери
- чесност, лојалност кон професијата и способност за тимска работа
- без работно искуство

Заинтересираните кандидати се должни да достават ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (образец објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 99/2007).
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремената, нецелосна и неуредно потполнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за полагање на стручниот испит на Агенцијата за државни службеници. Пополнетите пријави, кандидатите се должни да ги достават на следната адреса:

АГЕНЦИЈА ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Комисија за полагање на стручен испит
(со назнака за оглас број 273/2008 )
ул. Јуриј Гагарин бр.15 1000 Скопје

Заинтересираните кандидати се охрабруваат пријавата да ја пополнат и достават електронски, преку интернет страницата http://prijava.ads.gov.mk
Постапката за селекција и вработување ќе биде спроведена согласно член 12 и 13 од Законот за државни службеници и одредбите на Правилникот за критериумите и стандардите, како и постапката за вработување и селекција на државните службеници.

Кандидатите со уредно доставени пријави кои ги исполнуваат условите утврдени во огласот, кои конкурираат за работното место во звање - помлад соработник (наведено во огласот под реден број 7, 8), ќе бидат интервјуирани во органот за чии потреби се објавува огласот.
Избраниот кандидат ќе биде повикан во органот да достави докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место, во оригинал или копија заверена кај нотар.
Избраниот кандидат се вработува како државен службеник - приправник.
Кандидатите кои конкурираат за останатите работни места (наведено во оглaсот под редните броеви 1, 2, 3, 4, 5, 6) полагаат стручен испит, кој се спроведува најдоцна во рок од 60 денови , сметано од завршувањето на рокот за доставување на пријава за вработување на државен службеник.
Стручниот испит се состои од општ посебен и практичен дел. За положениот општ и практичен дел од стручниот испит Агенцијата издава потврда која важи две години од денот на нејзиното издавање.
Кандидатот кој се пријавил за повеќе работни места ќе го полага посебниот дел од стручниот испит за секое работно место за кое се пријавил.
Најуспешните кандидати ќе бидат повикани да ги достават доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар.
Најуспешните кандидати ќе бидат интервјуирани во органот за чии потреби се објавува огласот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu