ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ - 13.06.2012 во 15:06



ПРОЛОНГИРАН РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ


На барање на земјоделците и здруженијата на земјоделци, Владата на Република Македонија на предлог од Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања за 2012 година.

Со оваа уредба се пролонгира рокот за поднесување на барања за субвенции и наместо до 20 јуни 2012 година, земјоделците барањата за субвенции ќе можат да ги поднесат до 31 јули 2012 година.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu