ОГЛАС ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ - 31.08.2012 во 15:05




Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството

и руралниот развој објавува


ОГЛАС


за ангажирање на волонтери објавен на 31.08.2012 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има потреба од ангажирање на 6 (шест) волонтери како поддршка на работните процеси во секторот за контрола на терен и секторот за информатичка и комуникациска технологија.
Лицата (5) ангажирани како волонтери во секторот за контрола ќе бидат задолжени за извршување на наједноставните рутински работи како поддршка на тимовите за контрола на терен и својата работа ќе ја извршуваат во просториите на Агенцијата.
Кандидатите е потребно да ги исполнуваат следните услови:

1. Волонтер – 5 извршители
- минимум завршено средно или више образование, или стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од подрачје на биотехничките науки или од научно подрачје на техничко-технолошки науки - поле технологија на прехранбени производи, машинство, градежништво, електротехника, архитектура или геодезија,
- активно познавање на англиски јазик и
- познавање на работа со компјутери.

Лицето (1) кое ќе бидe ангажирано како волонтер во секторот за информатичка и комуникациска технологија ѓе биде задолжено за извршување на едноставните административни работи како поддршка на корисниците на ИКТ системот во Агенцијата.
Кандидатот е потребно да ги исполнува следните услови:

1. Волонтер – 1 извршител
- минимум завршено средно или више образование, или стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од подрачје на информатика, поле компјутерски системи и технологија,
- активно познавање на англиски јазик и
- познавање на работа со компјутери.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија (CV) во електронска форма на e-mail: angelina.jovanovska@ipardpa.gov.mk

Рокот за аплицирање изнесува 5 дена од денот на објавување на огласот.

Кандидатите кои ќе достават кратка биографија (CV) во електронска форма во наведениот рок ќе бидат поканети на интервју, по што со најуспешните кандидати ќе биде потпишан договор за волонтирање.
Договорот за волонтирање со секој од избраните кандидати ќе биде склучен за период од 1 (еден) месец и истиот по потреба може да се продолжи.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu