|
|
ПРОДОЛЖУВА ИСПЛАТАТА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА ПО ЧЕТВРТИОТ ЈАВЕН ПОВИК (02/2011)
-
31.08.2012
во
15:58
|

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата.
По успешна реализација на одобрената инвестиција уште еден корисник доби средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 180.400,00 денари на корисникот ИЗ Никола Талевски од Битола за обновување на постоечки овошни насади.
Од вкупно исплатените средства, 135.300,00 денари се средства од буџетот на ЕУ и 45.100,00 денари се средства од буџетот на РМ.
|
|
|
Menu
|