ИСПЛАТЕНИ УШТЕ ДВАЈЦА КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА ПО ЧЕТВРТИОТ ЈАВЕН ПОВИК (02/2011) - 06.09.2012 во 10:18


По успешната реализација на инвестициите, двајца корисници кои потпишаа договор со Агенцијата за користење на средства од ИПАРД Програмата по Јавен повик 02/2011, добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 201.310,50 денари на корисникот ДПТУ Луци Фарм ДООЕЛ од Делчево за обновување на постоечките овошни насади. Од вкупно исплатените средства, 150.983,00 денари се средства од буџетот на ЕУ и 50.327,50 денари се средства од буџетот на РМ.

На корисникот ДППУТ Фруктана ДОО од Штип се исплатени средства во износ од 4.700.385,50 денари од кои 3.525.289,00 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 1.175.096,50 денари од буџетот на РМ. Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за подобрување и модернизирање на производствените технологии во капацитетите за преработка на овошје и зеленчук.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu