Исплатени уште четворица корисници на средства од ИПАРД програмата по петиот Јавен повик (03/2011) - 19.10.2012 во 13:38



По успешната реализација на инвестициите, четворица корисници кои потпишаа договор со Агенцијата за користење на средства од ИПАРД Програмата по Јавен повик 03/2011, добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 297.197,00 денари на корисникот Исмаил Садику од Ресен за обновување на постоечките овошни насади. Од вкупно исплатените средства, 222.897,50 денари се средства од буџетот на ЕУ и 74.299,50 денари се средства од буџетот на РМ.

На корисникот ИЗ Бујар Зенели од Ресен се исплатени средства во износ од 189.416,50 денари од кои 142.062,50 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 47.354,00 денари од буџетот на РМ. Средствата се наменети за обновување на постоечките овошни насади.

На корисникот ИЗ Маријана Радевска од Ресен за обновување на постоечките овошни насади се исплатени средства во износ од 177.466.50 денари, од кои 133.100,00 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 44.366.50 денари од буџетот на РМ.

Агенцијата исплати 192.780,00 денари на корисникот ИЗ Сефула Љумани од Ресен за обновување на постоечките овошни насади. Од вкупно исплатените средства, 144.585,00 денари се средства од буџетот на ЕУ и 48.195,00 денари се средства од буџетот на РМ.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu