Исплатен уште еден корисник на средства од ИПАРД програмата по третиот Јавен повик (01/2011) - 24.10.2012 во 15:07

По успешна реализација на одобрената инвестиција уште еден корисник доби средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.




Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по третиот Јавен повик (01/2011) исплати 397.965,50 денари на корисникот ИЗ Митко Аграр од Василево за обновување на постоечките овошни насади. Од вкупно исплатените средства, 298.474,00 денари се средства од буџетот на ЕУ и 99.491,50 денари се средства од буџетот на РМ.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu