ОГЛАС ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ - 12.11.2012 во 11:52




Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството

и руралниот развој објавува


ОГЛАС


за ангажирање на волонтери објавен на 12.11.2012 година


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има потреба од ангажирање на 10 волонтери како поддршка на работните процеси во секторот за контрола на терен, секторот за директни плаќања во земјоделството, секторот за општи и правни работи и секторот за финансиски прашања.

Лицата (3) ангажирани како волонтери во секторот за контрола ќе бидат задолжени за извршување на наједноставните рутински работи како поддршка на тимовите за контрола на терен и својата работа ќе ја извршуваат во просториите на Агенцијата.
Кандидатите е потребно да ги исполнуваат следните услови:

1. Волонтер – 3 извршители
- минимум завршено средно или више образование, или стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од научно подрачје на биотехничките науки или од научно подрачје на техничко-технолошки науки - поле технологија на прехранбени производи, машинство, градежништво, електротехника, архитектура или геодезија,
- активно познавање на англиски јазик и
- познавање на работа со компјутери.

Лицата (4) ангажирани како волонтери во секторот за директни плаќања во земјоделството ќе бидат задолжени за извршување на наједноставните рутински работи и својата работа ќе ја извршуваат во просториите на Агенцијата.
Кандидатите е потребно да ги исполнуваат следните услови:

1. Волонтер – 4 извршители
- стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од научно подрачје на биотехничките науки или од научно подрачје на техничко-технолошки науки - поле технологија на прехранбени производи,
- активно познавање на англиски јазик и
- познавање на работа со компјутери.

Лицата (2) ангажирани како волонтери во секторот за финансиски прашања ќе бидат задолжени за извршување на наједноставните рутински работи во секторот и својата работа ќе ја извршуваат во просториите на Агенцијата.
Кандидатите е потребно да ги исполнуваат следните услови:

1. Волонтер – 2 извршители
- стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од подрачје на општетствени науки - поле економски науки,
- активно познавање на англиски јазик и
- познавање на работа со компјутери.

Лицeтo (1) ангажирани како волонтер во секторот за општи и правни работи ќе бидат задолжено за извршување на рутински работи во кабинетот на директорот на Агенцијата.
Кандидатите е потребно да ги исполнуваат следните услови:

1. Волонтер – 1 извршители
- стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од подрачје на општествени науки - поле политички науки,
- активно познавање на англиски јазик и
- познавање на работа со компјутери.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија (CV) во електронска форма на e-mail:
angelina.jovanovska@ipardpa.gov.mk

Рокот за аплицирање изнесува 5 дена од денот на објавување на огласот.

Кандидатите кои ќе достават кратка биографија (CV) во електронска форма во наведениот рок ќе бидат поканети на интервју, по што со најуспешните кандидати ќе биде потпишан договор за волонтирање.

Договорот за волонтирање со секој од избраните кандидати ќе биде склучен за период од 1 (еден) месец и истиот по потреба може да се продолжи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu