ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА - 06.12.2012 во 09:46



МАКЕДОНСКО-ФРАНЦУСКИ СЕМИНАР ВО ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ

Агенцијата за финансиска подрршка во земјоделството и руралниот развој врз основа на потпишаниот меморандум за соработка заедно со Министерството за земјоделство, Француската платежна Агенција, Агенцијата за услуги и плаќања и Националната установа за производите од земјоделството и морето од Република Франција во периодот од 28 до 30 ноември 2012 година оддржа работна средба.
Целта на средбата е конкретизирање на соработката и продолжување на техничката помош.Со овој настан се овозможува професионална соработка во областа на спроведување на мерките за директни плаќања во земјоделството и споделување на искуство во областа на руралниот развој во Р.Македонија и Р.Франција, како и научна и техничка соработка.
Работната средба е во функција на продлабочување на соработката во областа на финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој и пристапување на Р.Македонија кон Европската Унија.
Соработката континуирано ќе се одвива преку взаемни посети и средби со Француската платежна Агенција, но и останатите институции од Република Франција.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu