Исплатени уште двајца корисници на средства од ИПАРД програмата по петтиот Јавен повик (03/2011) - 13.12.2012 во 15:14

По успешната реализација на инвестициите, двајца корисници кои потпишаа договор со Агенцијата за користење на средства од ИПАРД Програмата по Јавен повик 03/2011, добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.




Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 172.310,00 денари на корисникот ИЗ Адем Ибраимовски од Ресен за обновување на постоечките овошни насади. Од вкупно исплатените средства, 129.232,50 денари се средства од буџетот на ЕУ и 43.077,50 денари се средства од буџетот на РМ.

На корисникот ДПТУ ВИНПРО ДООЕЛ од Пробиштип се исплатени средства во износ од 68.821,50 денари од кои 51.616,00 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 17.205,50 денари од буџетот на РМ. Средствата се наменети за обновување на постоечките овошни насади.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu