Известување за спроведување на проектот за поднесување на е-Барање - 11.06.2015 во 15:06





Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во јуни 2015 година ќе започне со спроведување на проектот за поднесување на е-Барање (електронско барање) за финансиска поддршка по мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. За таа цел Агенцијата ги известува сите странки кои во иднина планираат да достават Барање за финансиска поддршка по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој навремено и целосно да ги ажурираат сите податоци за земјоделските стопанства запишани во Единствениот Регистар на Земјоделски Стопанства. Ажурирањето на податоците може да се изврши во Подрачните Единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство каде е регистрирано земјоделското стопанство.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu