Одржана работилница за “Научени лекции и искуствa” наменета за градоначалниците во рамките на Твининг лајт проектот за Инвестиции во руралната инфраструктура (22.07.2015) - 23.07.2015 во 13:59





На 22.07.2015 година во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работилница за “Научени лекции и искуствa” наменета за градоначалниците во рамките на Твининг лајт проектот за Инвестиции во руралната инфраструктура. Имено, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заедно со Агенцијата за земјоделски пазари и рурален развој од Словенија го спроведуваат Твининг лајт проектот за поддршка на ИПАРД Агенцијата за подготовка за акредитација на мерката Инвестиции во руралната инфраструктура. Целта на Твининг лајт проектот е да го зајакне капацитетот на Агенцијата согласно европските и националните барања за спроведување на оваа мерка и да ги подготви сите документи неопходни за добивање на акредитација за користење на средствата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu