ИЗВЕСТУВАЊЕ - Отворени денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - 06.08.2015 во 10:19


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани граѓани дека во периодот од 13.08-13.09.2015 година ќе одржат отворени денови.
Отворените денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржуваат со цел да се реализираат директни средби со земјоделците и бизнис заедницата каде ќе има можност да се информираат во врска со поволностите кои се нудат преку програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, да се запознаат со работата на Агенцијата, да дискутираат за прашања од нивен интерес, да дадат предлози за надминување на одредени проблеми со кои се соочуваат за време на аплицирањето, како и да побараат стручна помош.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu