Доделени времени решенија на градоначалниците за инфраструктурни проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година - 19.08.2015 во 15:18





На ден 17.08.2015 година во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој в.д. директорката Билјана Вуковиќ додели времени решенија на градоначалниците, за инфраструктурни проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. На јавниот повик број 04/2015 за доставување на барања за користење на средства од оваа програма, кој беше објавен на 04.05.2015 година со краен рок за доставување на барањата 15.06.2015 година, беа поднесени 208 барања за финансиска поддршка од кои одобрени се вкупно 180 во вкупна вредност од две милијарди и 55 милиони денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu