Агенцијата ги имплементира земјоделските субвенции од 2008 година, а со ИПАРД-програмата работиме од 2009 година. Таму каде што се најголемите пари, а тоа е Програмата за финансиска поддршка на земјоделството, односно субвенциите, каде што во последните години се издвојуваат над 100 милиони евра секоја година и тој износ се зголемува – вели Вуковиќ.