СООПШТЕНИЕ - 27.07.2016 во 12:13


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува оризопроизводителите дека рокот за поднесување на барања за директни плаќања за призведена и продадена оризова арпа е во тек и ќе трае до 31 август 2016 година.

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои произвеле оризова арпа од реколта 2015 година и истата ја предале во регистрирани откупни претпријатија во период од 1 јули до 31 јули 2016 година.

Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм за пријавена површина со ориз до 2 хектари, 4 денари по килограм за пријавена површина со ориз од 2 до 10 хектари и 3 денари по килограм за пријавена површина со ориз над 10 хектари. При пресметка на финансиската поддршка се земаат во предвис количините кои не надминуваат 5,5 тони по хектар.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со доставување на потврда за предадена оризова арпа која ја издава откупното претпријатие.

македонска верзија



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu