Соопштение - 27.10.2016 во 15:07
<


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува барателите дека рокот за поднесување на барања за директни плаќања за дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1 за обработлива земјоделска површина со големина од 10 до 50 ха завршува на 31 октомври 2016 година. Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да се подигне во Агенцијата или да се превземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2016“ - „Обрасци“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu