СООПШТЕНИЕ - 16.11.2018 во 12:08




Бабовски: Почна аплицирањето за добивање на финансиска поддршка од три денари за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските производители дека започна поднесувањето на барања за финансиска поддршка за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, вели дека сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодинешната реколта во преработувачките капацитети ќе може да добијат финансиска поддршка од три денари по килограм.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставува Потврда за откупени земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет.

Бабовски потсети и дека до 25 – ти декември 2018 година, барање за финансиска поддршка може да поднесат и органските производители за следните намени:

„ За преработка на органски производи и органски производи во преод вклучително за доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло,
- За трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло,
- За стучна контрола и сертификација и
- За анализа на својствата на почва и производ – истакна Бабовски. “


Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Потребните докумнети се објавени во Упатството за корисници и истото може да се превземе од веб страната на Агенцијата на следната адреса: www.ipardpa.gov.mk во делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu