ИЗВЕСТУВАЊЕ - 16.11.2018 во 14:03






Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските производители дека започна поднесувањето на барања за финансиска поддршка за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.

Висината на поддршката изнесува 3 денари по килограм.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставува Потврда за откупени земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет.

До 25 декември 2018 година барање за финансиска поддршка може да поднесат и органските производители за следните намени:

- За преработка на органски производи и органски производи во преод вклучително за доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло,
- За трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло,
- За стучна контрола и сертификација и
- За анализа на својствата на почва и производ

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Потребните докумнети се објавени во Упатството за корисници и истото може да се превземе од веб страната на Агенцијата на следната адреса: www.ipardpa.gov.mk во делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu