Ја подобруваме бизнис климата во агро - секторот - 29.11.2018 во 08:44




Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов, на покана на претседателот на Регионалната стопанска комора од Кавадарци, Никола Наумов, оддржаа работен состанок со бизнис заедницата од тиквешијата. На состанокот, присуствуваа претставници од винариите, откупните центри и земјоделските стопанства.

Лозарството е стратешка гранка, оваа Влада посветено работи на поттикнување и зголемување на површините. И во иднина, како и до сега ќе продолжиме да работиме на зајакнување на домашниот агросектор, порачаа владините претставници на денешната средба.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски истакна дека исплатени се речиси сите заостанати субвенции.
„ Ги исплативме сите заостанати субвенции од 2013- та до 2016- та година, како и по програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2017- та година. Во тој контекст ве информирам дека во наредниот период ќе биде објавен вториот Повик од ИПАРД 2 програмата Мерка 3 „Инвестиции во преработувачки капацитети“. Со оваа мерка ќе се овозможат нови инвестици во преработувачка индустрија, создавање на производи со додадена вредност што пак ќе влијае и врз пласманот на земјоделските производи “- истакна Бабовски.

Министерот Николовски, ги извести бизнисмените дека се подготвува и „Нов модел за субвенционирање“, за кои што преку Проект од ЕУ е направена анализа. А ги информираше бизнисмените дека во наредните денови ќе биде објавен нов повик за ИПАРД 2.

„Паралелно, посветено работиме на реализација на капитални инвестиции во водостопанството за што во новиот буџет на МЗШВ, се издвоени околу 428 милиони денари или 290 милиони денари од годинава. Во насока на создавање на поволна бизниск клима, работиме на измена на неколку закони како Закон за земјоделско земјиште, Закон за советодавни услуги, нови огласи доделување под концесија за нератрактивно земјиште и за инвеститори“ – порача министерот Николовски.

На состанокот беа презентирани мерките и политиките кои ги презема МЗШВ и Платежната Агенција во делот на овоштарството, лозарството и другите култури. Бизнисмените се интересираа за ИПАРД Ипард програмата, за дел од постоечките мерки од Програмата за дирекни плаќања и за Новиот модел на субвенционирање.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu