СООПШТЕНИЕ - 05.12.2018 во 16:40





Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, г- динот Вилием Ваутер Пломп. Амбасадорот Пломп, се интересираше за текот и начинот на спроведување на Националните и ИПАРД програмите. А ги слушна и искуствата што дел од вработените ги стекнале преку „ТАЕКС“ проектот што го финансираше Кралството Холандија.


Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, се заблагодари за поддршката што Кралството Холандија ја дава на Македонија, а ги презентираше и Програмите за директни плаќања, за рурален развој и за рибарство и аквакултура што Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги спроведува преку Националната програма. Исто така Бабовски, ги презентираше и постигнатите резултати и склучени договори преку ИПАРД 2 Прогарамата.


„ Поддршката на Европската Унија, како и на пријателските земји како Холандија, за нас се од огромно значење. Со помош на Проектот „ ТАЕКС“ вработените се стекнаа со нови вештини, нови технологии како и нови начини како да се унапредат Мерките кои преку Националната и ИПАРД Програмата ги спроведуваме. “- истакна Бабовски.


Амбасадорот Пломп, побара информација околу стекнатите искуства и вештини на дел од вработените кои минатата година беа на неколку дневна студиска посета на Холандија.


Дел од вработените во АФПЗРР, кои биле на обуката во Кралтвото Холандија, ги презентираа своите импресии како и стекнатите нови искуства и знаења во делот на контрола на терен, развој на софтверските и хардверските решенија, воведување на напредни ИТК технологии, како и развој и унапредување на Програмата за Рурална инфраструктура.


Господинот Пломп,се заблагодари за приемот, како и за споделените искуства по реализираниот проект. Истакна дека Кралството Холандија, ќе продолжи и во иднина преку програми и размена на искуства во сите сектори да ја поддржува Македонија.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu