СООПШТЕНИЕ - 13.12.2018 во 09:57





Од денеска до 25- ти декември аплицирање за субвенции за ориз и оризова арпа



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува производителите на ориз, дека започна поднесувањето на барања за финансиска поддршка за произведена и предадена оризова арпа во регистрирани откупувачи.

Право на финансисика поддршка имаат земјоделските стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство на оризова арпа од род 2018 година да го предале на регистрирани откупувачи во период од 1 октомври до 25 декември 2018 година.

Висината на поддршката изнесува 5 денари по килограм а ќе се исплати за количините не недминуваат 5,5 тони по хектар.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставува Потврда за откупена оризова арпа издадена од страна на регистрираниот откупувач.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu