СООПШТЕНИЕ - 12.02.2019 во 15:31




Платежните агенции на Македонија и Црна Гора потпишаа меморандум за соработка

Црна Гора ќе ги користи македонските искуства за користење на мерките од ИПАРД програмата


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија и Република Црна Гора денеска потпишаа Меморандум за соработка, преку кој ќе се зајакнат капацитетите за соработката и размената на искуства особено во делот на ефикасното искористување на средствата од Европскиот земјоделски Фонд за Рурален Развој. Меморандумот го потпишаа директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски и директорот на Платежната Агенција на Црна Гора, Благота Радуловиќ.
Со денешното потпишување на овој значаен документ двете институции ќе обезбедат тесна соработка и взаемна помош за развој на административната структура, како и знаењата и вештините на самите вработени за користење на средствата од националниот така и од ЕУ Буџетот.Македонија, која во овој период стана неформален лидер за спроведување на ИПАРД Програмата во регионот, покажа дека е подготвена да се носи со предизвиците кои пред неа се исправаат на патот кон Европската Унија.
„ Македонија како земја која веќе долго време ја реализира ИПАРД Програмата, преку последните повици покажа дека има капацитет за успешна имплементација, но, и дека има желба да го дисиминира своето искуство и знаење на земјите од регионот кои се на почетокот на патот од евроинтегративниот процес. Доказ дека сме на добар пат се и склучените договори за ИПАРД. Само на првиот повик од ИПАРД 2 програмата беа склучени 953 договори со вкупна сума од 22,4 милиони евра.- истакна Бабовски.
Директорот на Платежната Агенција на Црна Гора истакна дека искуството на македонската Платежна Агенција е од клучно значење за Црна Гора, посебно што патот за евроинтеграцискиот процес не е лесен.
„ Меѓусебното јакнење е од клучно значење за нас. Македонија ни помогна да акредитираме неколку Мерки од ИПАРД Програмата кај нас во Црна Гора. Но, се надевам дека во иднина ќе ја продлбочуваме соработката се со цел да дојдеме до заедничка цел а тоа е Европската Унија. “- истакна Благота Радуловик – директот на Платежната Агенција на Црна Гора.
Реализираните инвестиции, интересот за аплицирање за добивање на средства само го потврдуваат успехот на Македонија во спроведувањето на ИПАРД Програмата. Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, потенцираше дека ИПАРД програмата е важна за развој и модернизирање на домашниот агро сектор и на вкупната економија.
„Македонските земјоделци имаат бројни бенефиции од искористувањето од ИПАРД 2 Програмата и заинтересираноста за овие средства продолжува да расте. За мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”, чиј рок за пријавување истече на 9-ти овој месец досега се поднесени над 800 барања, и се уште пристигнуваат по пошта, финалната бројка ќе биде позната на крајот на оваа недела. Во следниот период се подготвуваат и модификациите кои ќе бидат вклопени во новите јавни повици од ИПАРД 2 програмата кои ќе бидат наскоро објавени. Процесите, интересот за ИПАРД Програмите пристигнатите и склучените барања се доволен показател дека македонското земјоделство се движи во правилна насока, со искуство кое ќе биде од корист за црногорската Платежна агенција“, истакна министерот Николовски.
За Мерката „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” пристигнати беа 65 барања со вкупно побарана сума од 15,9 милиони евра.Паралелно се спроведува силна кампања за ИПАРД за да се доближат мерките до заинтересираните. За мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата се одобрија 24 барања, од кои за 17 минатата недела веќе беа склучени договори со вкупна вредност на инвестициите од 5,1 милиони евра.
Од првиот јавен повик за ИПАРД 2 Прогрмата се склучени 953 договори со вкупна сума од 22,4 милиони евра. До денеска пристигнати се 638 барање за исплата на завршени инвестиции, со вкупна вредност од 6,3 милиони евра. За 148 инвестиции од страна на Платежната веќе се исплатени близу 2 милиони евра.
Во меѓувреме МЗШВ работи и на ново софтверско решение, Интегрираниот Систем за Администрација и Контрола ИАКС преку кое ќе има целосна контрола на процесот на исплаќање на директните плаќања.












 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu