СООПШТЕНИЕ - 05.04.2019 во 15:27





Се продлабочува соработката помеѓу Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој и АД "Водостопанство на Република Северна Македонија"

Директорот на АД "Водостопанство на Република Северна Македонија", Илми Селами, и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, потпишаа Меморандум за соработка за техничка помош и подршка пред се во делот на поуспешно спроведување на потребните теренски контроли како и взаемна подршка во опрема, простории и слично. На состанокот присуствуваше и заменик директорот на АФПЗРР, Абдулселам Селами. На состанокот двете страни меѓусебно беа информирани за тековните активности кои ги спроведуваат овие две институции.

Досегашната меѓусебна соработка е одлична проследена со заеднички активности за взаемна подршка во секојдневното работење. Но, со потпишување на Меморандумот оваа соработка ќе се продлабочи и ќе овозможи поволна клима и развој на земјоделството.“- истакна Илми Селами, директот на“АД Водостопанство“

Со унапредување на Програмите за земјоделство, се овозможува развој на агро – секторот и поттик на младите да создаваат бизниси во руралните подрачја.

„Земјоделците треба да создаваат квалитетни производи а нашите институции преку Мерките и програмите кои се спроведуваат треба да го олеснат создавањето на производи кои ќе донесат бенефит на целото општество. Наша цел е преку унапредување на соработката помеѓу институциите да создадеме поволни услови за развој на домашниот агро – сектор.“- истакна Николче Бабовски.

„Целта на нашето официјализирање на соработката е да се овозможат поволни услови за развој на домашниот агро сектор. Нашите институции, се тесно поврзани и се од огромно значење во создавање на позитивна клима во земјоделството. - истакна заменик директорот на АФПЗРР, Абдулселам Селами.

Целта е што поголем дел на земјоделски површини да се обработуваат, да се зголемат количините и квалитетот на домашните земјоделски производи.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu