СООПШТЕНИЕ - 03.07.2019 во 13:16





Бабовски: На располагање се нови средства за градба на нови или реконструкција на постојните рибници

Од денеска до 6- ти август 2019- та година сите кои сакаат да градат нови или да ги ревитализираат старите рибници и пунктови ќе може да аплицираат за добивање средства преку „Програмата за рибарство и аквакултура“. За изгрдаба на нови или реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови, финансиската поддршка изнесува 1.000.000,00 денари, толкава е и максималната вредност на оние кои сакаат да градат или реконструираат мандри за традиционален лов на риба во Дојранско Езеро, додека до 1.500.000,00 денари е максималната сума за поддршка за рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постоечките капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал.

Право на користење на средства од Мерката 1 имаат следните субјекти:

Единици на локална самоуправа за изградба на нови, реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови.
Регистрирани репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал.
Корисници на средствата од Мерката 2 и потточките се:

Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат капацитет за аквакултура; или поседуваат дозвола за користење на вода за поставување на кафези во зоните предвидени за аквакултура.
Исто така преку „Програмата за рибарство и аквакултура“, односно Мерката 2, потточка 2.1 Финансиска поддршка за инвестиции во аквакултурата, на располагање се 15.000.000,00 денари, а максималната сума по корисник е 7.000.000,00.

Заинтересираните, средствата од Мерката 2, можат да ги користат за:
Изградба на нови капацитети за аквакултура
Проширување, реконструкција, адаптација и модернизација на постојните капацитети за аквакултура,
Изградба на нови капацитети за преработка на рибите, набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите.

Корисници на средства наменети за проширување, реконструкција, адаптација и модернизација на постојните капацитети за аквакултура се: Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура, и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Корисници на средства наменети за изградба на нови капацитети за преработка на рибите се: Субјекти кои се во рангот на микро, мали или средни претпријатија регистрирани за дејност аквакултура и поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат преработувачки капацитети

Корисници на средства наменети за набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите се субјекти кои се во рангот на микро, мали или средни претпријатија кои поседуваат или користат објект наменет за преработка на риби.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
За Мерка 2.1, финансиката поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина на 50% од вредноста на одобрените/прифатливи трошоци за инвестиции.
Ставката на ко-финансирање се зголемува до 55%, 60% и 65% во случаите кога:
- 55% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување на инвестицијата или жена носител на земјоделското стопанство;
- 60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции во земјоделско стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје;
- 65% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поденсување или жена носител на земјоделското стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје. Доделената финансиска поддршка е неповратна.
Барањата за секоја пооделна потточка се доставуваат во оргинален примерок.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средствата се утврдени во Програмата за финснсиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019година (Сл.Весник бр. 15/19).
Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на договор за ко-финансирање со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.

Обрасците ,,Барање за користење на средства” (Образец ПРА –А1) со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во делот Рибарство и аквакултура 2019.
Пополнетите барања за финансиска поддршка и исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2019 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 01/2019 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата. Крајниот рок за доставување на барањата е 06.08.2019 година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu