СООПШТЕНИЕ - 11.07.2019 во 13:51





Компаниите ги препознаваат бенефитите од ИПАРД програмата, со ефикасно искористување на средствата агросекторот се подготвува за пристап во ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски,заненик директорот Авдуљ Селам Селами и државниот секретар на МЗШВ Нефрус Челику, денеска беа во посета на компанијата „Бесо интерком ДООЕЛ“, во тетовско Желино.
Оваа компанија е еден од корисниците на средствата од ИПАРД 2 Програмата. Конкретно, компанијата со АФПЗРР, има склучено договор за искористување на средства од мерката 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД 2 и реализираше инвестиција во набавка на опрема и машини за преработка на пченица и производство на брашно. Вкупната инвестиција е во износ од 128 илјади евра, од кои 64 илјади евра се пари кои на компанијата и се вратени преку ИПАРД програмата.
Вицепремиерот Османи, посочи дека е позитивно тоа што се повеќе компании од агросекторот за осовременување и проширување на производството ги користат финансиските средства од ИПАРД фондовите.
„Ова што денеска го гледаме на лице место овде, претставува суштината на ИПА фондовите. Тоа се неповратни средства кои не се наши пари, од нашиот буџет, ниту пари на нашите даночни обврзници, туку средства на даночните обврзници на земјите – членки на Европската Унија, кои низ нивните политички системи одлучиле дека е подобро овие средства, наместо да се потрошат во нивните економии, во нивните општества, да се потрошат кај нас, како поддршка за инвестицијата“, изјави Вицепремиерот за Османи, притоа потенцирајќи дека со ефикасна искористеност на овие средства, агросекторот ќе се подготви за пристап во ЕУ, ќе обезбедиме одржлив развој на руралната економија, отворање на нови работни места, што крајно ќе влијае врз развојот на вкупната економија
Директорот на Платежната агенција, Бабовски изјави дека изминатите две години Платежната агенција и министерството работеа на олеснување на критериумите за мерките од ИПАРД и нивно приближување до земјоделците, притоа нагласувајќи дека инвестициите како денешната, се доказ за тоа дека земјава навистина знае како да ги искористи средствата кои преку Европските фондови ни се на располагање.
„Само со три повика за релативно кратко време успеавме да направиме апсорпција на средства и реализација на проекти кои реално го модернизираат агро – секторот. Преку реализацијата на успешни проекти освен што ги модернизираме домашните капацитети ги правиме и поконкурентни и поекономични затоа што им се намалуваат производните трошоци“, додаде Бабовски.
Според последните податоци од Платежната агенција, само за првиот јавен оглас од ИПАРД 2 објавен во 2017 година се склучени 947 договори. Од нив 860 компании и земјоделци ги завршиле инвестициите и имаат доставено барања за поврат на вкупно 13,3 милиони евра. На 346 баратели веќе целосно им се исплатени вкупно 3,9 милиони евра, како прифатлива инвестиција.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu