СООПШТЕНИЕ - 09.08.2019 во 14:18





Потпишани првите договори, обезбедени вкупно 151 милион денари за набавка на приплоден добиток

Денеска се потпишаа првите договори за набавка на приплоден добиток. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 6.5 милиони денари.
„Со цел зголемување на стадата и нивна обнова од годинава за оваа мерка Набавка на приплоден добиток драстично ја зголемивме поддршката и наместо само 14 милиони денари сега за набавка на приплоден добиток на располагање имаме 151 милион денари“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
„Само со денешниве 7 договори апликантите ќе набават околу 500 грла на добиток и тоа јуници Холштајн и Симентал, како и а јуници Ангус од кој се добива квалитетно месо, овци Асаф, и други раси на добиток кои значително ќе го подобрат и квалитетот на домашното производство на млеко, но и ќе се окрупни домашниот сточен фонд“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски.
Денеска се потпишаа 7 од вкупно пристигнати 70 апликации за Набавка на приполден добиток. Преку оваа мерка на располагање се 151 милион денари, средства се обезбедени од Програмата за рурален развој. Вкупната финансиска поддршка само на денешните седум договори изнесува околу 22 милиони денари пари.
Апликантите кои ги исполниле условите и ќе бидат поддржани преку оваа мерка ќе може да добијат поврат од 50 до 75% од вкупната инвестиција. Со парите од оваа мерка, апликантите ќе можат да набавуваат педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници ( со исклучок на расата Буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации.


Бабовски: Со првите договори за набавка на добиток враќаме 22 милиони денари кај сточарите







Димковски:Вкупно 151милион денари за набавка на приполден добиток преку Програмата за рурален развој





 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu