СООПШТЕНИЕ - 26.08.2019 во 12:02



Бабовски; Доделени над 90 % од персонализираните платежни картички за набавка на “зелената нафта“

Денеска, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски беше во посета на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Кавадарци, каде што ги подели картиците за “зелена нафта” на земјоделците од овој регион.
Во Кавадарци вкупно се поделија 5.974 картици за зелена нафта, со вкупен износ од околу 15 милиони денари. Ова се сериозни средства кои се враќаат кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со зелената нафта и со сите преземени досегашни мерки ги намалуваме производствените трошоци а со тоа домашниот агро – сектор е пооддржлив.
„Овие картици поделени во Кавадарци се еден добар износ на средства кој ќе дојде кај земјоделците, и кога се очекува да почне бербата на грозјето за земјоделската механизација оваа сума ќе биде добредојдена за земјоделците. Со оваа мерка директно влијаеме врз намалување на трошоците во земјоделството и го правиме поисплатливо. Денеска во Кавадарци сме на крајот на процесот на доставување на изработени картици, и тоа се случува за многу краток рок за 20-тина дена. Голем дел од земјоделците во земјава веќе ги користат зелените картици. Според последните информации од економскиот оператор за само 20-тина дена веќе се искористени 14,5 милиони денари односно за толкава сума е наточено гориво“, изјави директорот на Платежната агенција, Бабовски.
Со денешното доделување на картици финишира целиот процес на достава на картиците за субвенционирано гориво за земјоделска механизација до земјоделците. Иако рокот беше 60 дена, целата процедура се заврши порано за скоро еден месец. Досега се поделија 50.465 картици со вкупна вредност од 128 милиони денари. Во следниот период ќе се доделат и картиците на преостанатите земјоделци кои треба да ги подмират обврските кон државата.
Мерката за субвенционирана нафта, за прв пат се воведува од оваа година со единствена цел да се олесни производството на земјоделците. Оваа мерка ќе придонесе за значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи.
Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток државата ќе покрива 30 отсто од трошоците што земјоделците ги имаат за набавка на гориво за механизацијата, со можност овој процент во следните години да расте и до 50 отсто.

Бабовски: Доделени картици за зелена нафта на земјоделците во Кавадарци




 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu