СООПШТЕНИЕ - 06.09.2019 во 13:52



Исплатени над 1 милион евра за дополнителната интервентна мерка за предадено грозје на лозарите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјодетсвото, Николче Бабовски, одржаа прес конференција во врска со исплатата на интервентната мерка за поддршка во лозарството.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати околу 66,2 милиони денари ( над 1 милион евра) на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денари за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби.
Со оваа исплата како што истакна министерот Димковски, се заокружува комплетната исплата на субвенции за лозарството. Пред почетокот на новата производствена сезона исплатени се 9 милиони евра на 15.208 лозари за основната субвенција за одржување на лозови насади.
„ Државата го исплати и долгот што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници во регистарот на МЗШВ, го имаа како долг кон лозарите за предадено грозје во 2014 и 2016 година. Се исплатија над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Со тоа решивме еден долгогодишен проблем што ги мачеше лозарите од тиквешкиот регион. Овие исплати за секторот лозарство се пари коишто директно ги враќаме кај лозариите, за да ги вложат во новото производство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино. Ова е вистински пример на грижа на државата за граѓаните и враќање на парите кај граѓаните”- Изјави министерот Димковски.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски информираше дека во еден ден без селекција се исплатени срествата за сите кои исполнуваа услови за добивање на оваа финансиска поддршка. Освен овие средства до денеска според Бабовски, исплатени се и средствата за основните мерки а тече и исплатата на средствата по дополнителните мерки.
„ До денеска заедно со денешната исплата исплатени се 306,7 милиони евра, средства кои се вратени на сметките на земјоделците, по сите програми. Оваа Влада се грижи за земјоделците а тоа го покажавме и преку мерката „Зелена нафта“. До денеска е наточено гориво за земјоделска механизација со вкупна вредност од над 30 милиони денари или половина милион евра.“ – истакна Бабовски.
Според податоците од Државниот инспекторат досега се откупени над 11 милиони килограми грозје . Откупната цена на вранецот е 12,58 денари за килограм , а на смедеревката 11 денари за килограм.
Во завршна фаза се и измените Законот за вино, со којшто се олеснуваат условите за произвдство во малите семејни винарии, ќе се воведат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив.
Во завршна фаза се и измените Законот за вино, со којшто се олеснуваат условите за произвдство во малите семејни винарии, ќе се воведат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив








Бабовски: Заедно со денешната АФПЗРР, има исплатено 306,7 милиони евра










Димковски: Исплатени над 1 милион евра за дополнителната субвенција за лозарите






 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu