СООПШТЕНИЕ - 25.09.2019 во 15:19





Димковски и Бабовски во Струга:Со инвестициите преку ИПАРД 2, до поголема конкурентност и извоз на земјоделските производи


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, државниот секретар Нефрус Челику и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска го посетија капацитетот за месни производи „Билјанови “ во селото Мислешево, Струга. Оваа компанија, досега имаат користено средства преку ИПАРД програмата од мерката 3 „ Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ . Вкупната вредност на инвестицијата во двата повика е над 250 илјади евра.
Преку две апликации во два различни повици оваа компанија има добиено поврат на близу 130 илјади евра, средства со коишто компанијата има набавено различен вид на машини и опрема за преработка на месо и месни продукти.
Министерот Димковски посочи дека оваа компанија е уште еден позитивен пример за ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 програмата, и дека единстевн начин за поголема конкурентност и извоз се токму инвестициите во производството и воведувањето на нови технологи.

„Од она што се уверивме тука на терен , компанијата со помош на оваа инвестиција го има зголемено производството за скоро 150 отсто во споредба со претходните години, што укажува токму на целта за која што се наменети овие пари, а тоа е зголемување на капацитетот, подобрување на стандардите, имплементирање на нова технологија а се цо цел за зголемување на конкурентноста на домашното производство, изјави министерот Димковски.

Директорот на АФПЗРР, Бабовски, потенцираше дека агенцијата забрзано работи на обработка на барањата пристигнати за вториот и третиот повик од ИПАРД 2 програмата, со цел компабиите од агросекторот и земјоделците да можат побрзо да ги реализираат инвестициите.
„Во моментов нашата цел е да се завршат и на апликациите од вториот и трети повик за мерка 1 и мерка 3 од ИПАРД 2. За мерка 1 пристигнаа 1.099 барања ,очекуваме да склучиме 800 договори и да се контрактираат околу 10 милиони евра. За мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“, пристигнаа 64 апликации, досега се склучени 31, договори. Конкретно во цел овој програмски период на ИПАРД 2 имаме склучени договори во вредност од 25, 7 милиони евра, пари кои се веќе ставени на располагање“, изјави директорот Бабовски.

Градоналаникот на Струга, Мерко, истакна дека ваквите инвестиции и средствата од ИПАРД ја јакнат економијата, овозможуваат отворање на нови работни места а со тоа расте и економијата на општината.
Инвеститорот Славчо Билјан, исткна дека со помош на средствата од ИПАРД компанијата двојно го зголемила производството на месни производи а ги намалиле трошоците на производство и го подобриле квалитетот.
На првиот повик од ИПАРД 2, склучени се 947 од нив дури 874 апликанти веќе ги завршиле инвестициите и доставиле барање за поврат на средства, односно овие апликанти бараат поврат на 14,1 милиони евра. Додека на 617 апликанти веќе целосно им се исплатени средствата и кај нив се вратени 7,9 милиони евра средства кои се свеж капитал во агро – секторот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu