СООПШТЕНИЕ - 08.10.2019 во 11:16





Бабовски : На располагање се нови средства за поддршка на рибарството и аквакултурата

Сите кои имаат рибници и во период од 1- ви јули до 30 – ти септември насадиле подмалдок, односно, порибителен материјал од сопствено или признаено производство, од денеска ќе може да аплицираат за поврат на 40 % од вредноста на набавениот или на сопствениот подмладок. Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Програмата за рибарство и аквакултура. Краен рок за доставување на барањата за исплата на средства е 25- ти октомври 2019 – та година. Ова денеска преку соопштение го информира директорот на Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.


Бабовски посочува дека право на користење на оваа финансиска поддршка имаат :

• Сите субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2018 - декември 2019 година од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот
• За набавен подмладок, субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и имаат купено подмладок од субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и кои немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2018 - декември 2019 година


Средствата се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 01 јули до 30 септември 2019 година, а се исплаќаат скалетсто и тоа:
- за купен или сопствен подмладок до 2.500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
- за купен или сопствен подмладок од 2500 кг до 5000 – 75% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
- за купен или сопствен подмладок од 5000 кг до 7500 – 50% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;
- за купен или сопствен подмладок над 7500 – 25% од вредноста на утврдената цена на подмладокот

Според Бабовски, поддршката се доделува по принципот прв дојден прв услужен.

Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарстовото и аквакултурата за 2019 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 03/2019 и назначување на шифрата на потточката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата.
Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи и Упатството за корисници може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu